Епи Центар Интернационал спроведе сеопфатна анализа на портфолиото проекти поддржани од Швајцарија и нивна усогласеност со Зелената агенда за Западен Балкан.
Зелената Агенда на Западен Балкан има за цел да го усогласи регионот со Европскиот зелен договор преку пет т.н. пилари:
- Декарбонизација (клима, енергија и мобилност);
- Циркуларна економија;
- Спречување на загадување (воздух, вода и почва);
- Одржливо земјоделство и рурален развој; и
- Заштита на природата и биолошка разновидност (заштита и реставрација на екосистемите).
Програмите за соработка на Швајцарија во Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Косово, БиХ и Србија), вклучувајќи проекти од областа на животната средина, економија и регионалните иницијативи, се тесно поврзани со пиларите на Зелената Агенда, покажувајќи значаен придонес кон нејзина имплементација.
Истражувањето се спроведе со организирање на интервјуа низ целиот регион, потоа мапирање на проектите поддржани од Швајцарија, идентификување на нивните резултати и ефекти, а особено поврзаноста со Зелената Агенда. Истражувањето ги опфати сите клучни актери, идентификувани предизвици, потенцијали за размена на добри практики.
Врз основа на спроведената анализа, Епи Центар Интернационал даде и стратешки препораки за идна поддршка, а анализата потврди дека портфолиото на проекти поддржани од Швајцарија, има клучна улога во поддршката на Зелената Агенда, поттикнувајќи одржлив развој и регионалната соработка на Западен Балкан.