ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, како договорна страна на Проектот на УСАИД ,,Партнерство за подобра бизнис регулатива", ќе ги води и координира активностите обезбедувајќи совпаѓање на целите и дадените решенија со најитните проблеми на малите и средните претпријатија (МСПа) поврзани со придржување до регулативата на национално ниво. За да ја спроведе таа цел, ЕПИ ЦЕНТАР потпиша договор со три комори: Стопанска комора на Македонија, ИКТ трговска комора - МАСИТ и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија.
Овие комори се познати претставници на бизнис заедницата, со одлична евиденција во претставување на интересите на МСПа како и по спроведување на бројни активности со цел да се подобри бизнис средината во земјата.
Целта на Проектот беше да се реализираат две поставени задачи, имено;
Задача 1 – Да се подобри сообразеноста со правните барања на микро и малите бизниси низ целата држава.
Задача 2 – Да се ангажираат бизнис организациите во еден конструктивен дијалог за рационализирање на регулавивите.
Прочитајте повеќе за проектот на следниот линк: https://www.usaid.gov/macedonia/fact-sheets/partnership-better-business-regulation
Информациите објавени на оваа веб страна не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој ниту на Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, посетете ги следните веб-страни USAID Macedonia Website и USAID Macedonia Facebook.