ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран да ги компилира извештаите добиени од сите експерти вклучени во Проектот.
На првиот координативен состанок помеѓу тимот на ЕПИ ЦЕНТАР и менаџерите на Проектот беше составен финалниот модел/структура на студијата. Моделот вклучуваше детален опис на параграфите како и сите одговорности на секој експерт кој учествувал во изработката на Проектот.
ЕПИ ЦЕНТАР беше одговорен за преглед и анализа на сите документи употребени во преходните активности на Проектот како и за завршните извештаи собрани во оваа фаза на Проектот. По детален преглед на документите, ЕПИ ЦЕНТАР беше одговорен за селекција на погодни материјали и конечната компилација на физибилити студијата која ги вклучуваше сите важни аспекти и главни цели на Проектот.
Во финалната фаза на Проектот, ЕПИ ЦЕНТАР беше одговорен за презентирање на финалната верзија на оваа физибилити студија, и во Македонија и во Бугарија.