Евалуација на Перформансите на Проектот на УСАИД/Македонија 2012
Project Description
ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран да учествува во проценката на среднорочните перформанси на Проектот ИДЕАС во соработка со групата ОPTIMAL solution.
Целта на поставената задача беше:
Да спроведе формативна евалуација со цел да ги испита имплементацијата на програмата, нејзините инпути, активности, аутпути, процеси, процедури, напредување кон целните исходи и идентификување на предизвиците и проблемите. Резултатите од евалуацијата ќе бидат употребени за зголемување на ефективноста на постојните интервенции во преостанатиот изведбен период имајќи ја предивид идната УСАИД стратегија за економски раст.
Eвалуацијата содржеше две компоненти:
Анализа на дотогашниот прогрес и ефективност на интервенциите
Препорака за можни модификации за подобрување
Тимот поднесе опсежен извештај на евалуација и препораки за идни дејствија.