Епи Центар Интернационал спроведе Евалуација на Проектот “Income Increase and Socio-Economic Empowerment of Vulnerable and Marginalized Groups from Rural and Sub-urban Areas (IISEE)”, кој во периодот од 2021 до 2023 година е имплементиран од организацијата We Effect. Проектот е финансиран од SIDA, а во Северна Македонија спроведен од страна на We Effect Скопје како подружница на интернационалната организација We Effect, со седиште во Стокхолм.
Цел на проектот е спроведување на MSD (market systems development) методологијата и има за цел да ги зајакне капацитетите на партнер организациите кои We Effect ги поддржува во нивниот развој. Во рамки на Евалуацијата беа одржани 30 интервјуа во месец март 2024, со различни претставници за имплементацијата на проектот, а со цел идентификување на процеси кои може да се унапредат во понатамошните фази од проектот.
Врз основа на сеопфатна анализа, креирани се повеќе препораки за унапредување на понатамошните активности на проектот, како и фокусирана поддршка и спроведување на MSD пристапот во Северна Македонија.
Канцеларијата на We Effect во Северна Македонија е фокусирана на промовирање на самоодржливи модели на активности, за земјоделство и рурален развој. We Effect соработува со локални партнерски организации кои се основани и работат со членови и го претставуваат гласот на малите фармери и другите ранливи групи. Родовата еднаквост, подобрување на условите за интеграција на Ромите итн, се исто така дел од работењето на организацијата.