Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Решение за регистрација на заштитена географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА.
Врз основа на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по спроведена постапка, од страна на стручна комисија, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека се исполнети сите услови за регистрација на заштитена географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА.
Постапката започна со изработка на Елаборат за заштитена географска ознака „МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА“, кој го подготви Епи Центар Интернационал за Здружението на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци ,,ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА,, Скопје, кое е носител на географската ознака. Елаборатот претставува сеопфатен документ во кој се опфатени видот на ознаката, податоци и категорија на производот, опис на методот и процесот на производство како и суровински материјал, како и докази за следливост, дефинирање и поврзаноста на производот со географското подрачје; и врската помеѓу одредено географско подрачје и карактеристики на производот, за географска ознака. Елаборатот содржи и приказ на истражување кое го спроведе Епи Центар Интернационал за јагнешкото месо во повеќе региони.
Решението за регистрација на заштитена географска ознака – македонско јагнешко од овчеполска праменка стапи на сила на 27ми декември 2023 година, согласно објавата во Службениот Весник на РСМ број 280 од 2023 година.