18 години постоење, работа со повеќе од 63 клиенти и преку 150 имплементирани проекти, денес одбележува Епи Центар Интернационал. “Нашата тајна за успех” - фокус на унапредување на економскиот развој, обезбедување висококвалитетни услуги и креирање уникатен пристап за работа со нашите клиенти.
Повеќе од една деценија еден од главните приоритети ни е да градиме партнерства и силно веруваме дека истите се уникатна алатка за успешно водење на бизнис. Денес, со гордост може да посочиме дека работиме во рамки на широка мрежа на национални и регионални консултанти, составена од експерти кои поседуваат сеопфатно знаење, вклучувајќи различни деловни сектори и социјални групи.
Како компанија која и самата е мотор за раст, ние соработуваме со нашите клиенти за да ги унапредиме нивните бизниси. Со нашата експертиза овозможуваме идентификување на бизнис целите, унапредување на оперативното работење преку максимално искористување на ресурсите, на најдобар начин, а во ера на брза дигитална трансформација, секојдневно применуваме дигитални алатки за постигнуваме подобри деловни резултати.
Нашето успешно управување со проекти веќе 18 години, се темели на нашиот пристап на работење односно примена на принципите аналитичност, системска организираност, стратешко размислување за имплементација на одредена задача/активност. Во нашето портфолио, како најчести клиенти може да се истакнат меѓународни институции како: USAID, UNDP, SIDA, SDC, OSCE, EU, EAST‐WEST Institute, CARE International, FAO, итн. Еден од значајните успеси кои ги остваривме изминатите години е проширување на нашето работење на регионално ниво преку спроведување на проекти во Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а одредени активности спроведовме и во Германија. Во идниот период планираме засилување на нашето присуство во земјите од Западен Балкан.
Нашето работење веќе 18 години го одбележуваат голем број на проекти, од различни деловни сектори, со различни таргет групи, сепак може да истакнеме дека од економски аспект нашата експертиза е силна во областа на земјоделство и рурален развој; развој на индустрија; поддршка на претприемништво и јакнење на технолошки развој и иновации; правни анализи и советувања. Особено силна страна се нашите вештини за истражување и анализа на пазар, како и подготовка на студии и стратешки документи преку подготвени повеќе од 30 сеопфатни документи, кои се однесувале на локален развој, управување со отпад, производство и преработка, биосфера и зачувување на природата, поддршка на маргинализирани групи, итн. Кон ова се додаваат и услугите за правно советување и анализи, во рамки на кои сме учествувале во подготовка на повеќе од 150 позициони документи како економски мерки за промена на регулатива и национални политики за економски раст. Истите беа спроведени во рамки на националната Комисија за јавно-приватен дијалог, во чие создавање бевме вклучени во процесот. Дополнително, на регионално ниво броиме успеси со спроведени повеќе од 10 проектни анализи во областа на производство и преработка на храна, рурален развој, институционална поддршка и дигитализација. Изминатите 3 години, нашето долгогодишно искуство во имплементација на проекти создаде да се прошириме и понудиме нови услуги за мониторинг и евалуација, чие успешно спроведување создаде да изградиме силни партнерства со голем број засегнати страни на локално, национално и регионално ниво (државни институции, приватен сектор, академска заедница итн).
Во иднина ќе се фокусираме нa специјализација на нашата експертиза во областите дигитализација, зелена транзиција и енергија, одржлив развој, циркуларна економија и паметно земјоделство.
Низ годините остваривме голем број на успеси, а секако се соочивме и со голем број на предизвици, но секогаш останавме доследни на визијата да го обезбедиме најдоброто за нашите клиенти. Луѓето се епицентарот на нашата компанија и успесите кои ги остваруваме се должат на нивниот придонес.
Силно веруваме дека заедно со нашите клиенти, можеме да се движиме напред и создаваме промени што ќе носат вредност за сите. Верувајќи во себе, веруваме и во бизнисите на нашите клиенти.
Ви благодариме што сте дел од нашето патување!