Епи Центар Интернационал во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“ кофинансиран од Европската Унија, подготви документ за Јавна политика на тема “Зелена транзиција на бизниси”. Проектот “Национална платформа за женско претприемништво” започна со имплементација во 2019 година и се спроведува од страна на Здружението на бизнис жени, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Содржината на оваа Јавна политика се темели на информации и предлози од одржаниот состанок на секторската група за Зелена транзиција на бизнисите, формирана во рамки на Проектот, како и податоци од истражување на политики, регулатива, мерки и иницијативи за поддршка на жените претприемачи на национално, регионално и меѓународно ниво, во областа на зелена транзиција.
Еден од главните заклучоци кои произлегоа од истражувањето за подготовка на документот е дека зелената транзиција на бизнисите ќе претставува иднина на патот компаниите да останат конкурентни преку воведување на одржливи практики. Понатаму, на национално ниво може да се идентификуваат почетоци за воведувањето на мерки кои ќе допринесат кон создавање услови за зелена транзиција на бизнисите, но се уште недостига конкретна поддршка за приватниот сектор да го спроведе овој процес, особена насочена кон поддршка на жените претприемачи. Врз основа на големиот опфат на области на зелената транзиција, важно е да се посочи дека бизнисите од различни трговски сектори, на различен начин и преку различни инструменти може да спроведат зелена транзиција. Во таа насока, документот за јавна политика содржи генерални и секторски препораки.
Документот за јавна политика “Зелена транзиција на бизнисите” може да го погледнете на следниот линк.
Повеќе информации за Проектот „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“ може да погледнете на www.weplatform.mk.