Новинарите се клучен партнер на патот кон пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, придонесуваjќи да се зголеми јавната поддршка преку создавање на избалансирани и информативни извештаи за процесот на пристапување.
Известувањето за ЕУ и пристапниот пат има потреба од посебни вештини и знаења за ЕУ, клучните институции и нивните надлежности и процедури, процесот на донесување одлуки, како и одговорностите на локалните институции.
Во партнерство со Секретаријатот за европски прашања /Secretariat for European Affairs и со поддршка на Амбасадата на Шведска/Embassy of Sweden in Skopje, ја организиравме тркалезната маса за „Улогата и важноста на медиумите во процесот на интеграција во ЕУ - партнерство, транспарентност и одговорност“ на која со претставници на медиумите се дискутираше важноста на евроинтеграциските процеси за целото општество и се презентираа искуствата на земјите од регионот.
На средбата излагање имаше Дрита Абдиу Халили, државна секретарка, секретаријат за европски прашања на ЕУ и Северна Македонија како и Драган Тилев, државен советник од секретаријатот за европски прашања. Акцентот беше ставен на важноста на процесот и разбирање на техничките аспекти и улогата на медиумите. Од огромна полза се и хрватските искуства кои ни ги пренесе главен преговарач Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач на Република Хрватска за членство во Европската Унија како и г. Владимир Меџак, поранешен помошник директор на канцеларијата за европска интеграција, Република Србија.
Овој настан има за цел да поддржи и да ја зајакне соработката меѓу Владата и медиумите а со оглед на важноста на евроинтеграциските процеси и за целото општество на Северна Македонија.