Епи Центар Интернационал, во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“ кофинансиран од Европската Унија е ангажиран за изработка на документ Јавна политика за Зелена транзиција на бизниси. За таа цел, со проектните партнери се одржа настан на 19ти мај 2023 година, на кој присуствуваа жени претприемачи од различни сектори, фокусиран на дијалог за каква поддршка е потребна за одржлив развој на компаниите во насока на зелената транзиција.
Во рамки на проектот формирана е и секторска група за „Зелена транзиција на бизнисите“ во која членуваат компании управувани од жени со цел преку своето професионално искуство да дадат придонес за развојот на политики и препораки за транзиција кон зелена економија во женското претприемништво. Користејќи ја својата експертиза, секторската група обезбеди на настанот значајни видувања и насоки за поттикнување на одржливи практики во бизнисот.
Врз основа на дискусијата и истакнатите предлози, Епи Центар Интернационал ќе изработи политика со препораки за зелена транзиција на бизнисите на национално ниво, земајќи ги во предвид и регионалните и меѓународни искуства и најдобри практики.
Епи Центар Интернационал останува посветен на поддршката и промовирањето на растот на жените претприемачи и одржаниот настан има значајна улога во имплементацијата на експертскиот ангажман и развој на соработката со цел поддршка на женското претприемништво.