Во рамки на проектот „Компјутерската моќ станува зелена“ кој го спроведува Бирото за регионален развој, на 06ти јуни 2023 година се одржа Конференција на која се претставија досегашните активности кои се спроведуваат во рамки на проектот. Епи Центар Интернационал како консалтинг компанија со повеќе од 18 години професионално искуство е ангажирана да направи Проценка на состојбата со зелена дигитализација на национално ниво и за таа цел спроведува низа проектни активности.
Г. Љубомир Димовски, извршен директор на Епи Центар Интернационал учествуваше на конференцијата како панелист во рамки на панелот Компјутерската моќ станува зелена – Go Green, во улога на Експерт за фокусирана проценка на земјата за зелена дигитализација во Република Северна Македонија. На конференција се свое обраќање имаа и Рамиз Реџепи, Директор, Биро за регионален развој, Карл Џианцини, програмски менаџер, Делегација на Европска Унија, Марио де Роса, Заменик- шеф на мисија – Амбасада на Република Италија, Ристо Пенов, Министер за локална самоуправа, Христина Оџаклиеска, Заменик министер за животна средина и просторно планирање.
Бирото за регионален развој во рамки на Министерството за локална самоуправа го спроведува овој проект. Go_Green е финансиран од ЕУ во рамките на Interreg Balkan Med Program 2014 – 2020.