Заврши дводневната обука за околу 130 стручни лица од областа на градежништвото на тема "Обука за стручно усовршување за правни субјекти кои имаат овластувања за вршење на стручни работи за безбедност при работа согласно Законот за безбедност и здравје при работа од областа на градежништвото".
Стручните лица за време на дводневниот настан се усовршуваа во делот на безбедност при работа од областа градежништво и се запознаа со новитетите во делот на практичната работа преку вежбите на терен.
Учесниците понатаму ќе можат да даваат консултанстки услуги во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа од областа на градежништвото применувајќи т.н „ваучер шема” - консултативен систем наменет за микро, мали и средни претпријатија кој го олеснува добивањето информации, совети и консултантски услуги поврзани со (измените во) законската регулатива.
Дводневната обука беше организирана во рамките на Проектот на USAID Macedonia Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Здружението за безбедност при работа ЗБР 28-ми Април.