Партнерите спроведувачи на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во периодот од 17 до 22 јуни остварија студиско патување во Прага, Република Чешка.
Во агендата на посетата беа вклучени повеќе институции, каде беа одржани состаноци од највисок врв, меѓу кои беа чешката Стопанска комора, Министерството за трговија и индустрија, Агенцијата за инвестиции и бизнис развој, Амбасадата на Република Македонија во Чешка и Министерството за надворешни работи на Република Чешка.
Партнерите спроведувачи на проектот изразија големо задоволство од можноста да се сретнат и да разговараат за актуелните предизвици со кои се соочуваат двете земји.
Дополнително, беа остварени и повеќе средби со бизнисмени и претставници од компании од различни индустрии од Република Чешка, согласно кое претставниците од Република Чешка ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија врз основа на она што им беше презентирано од присутните претставници од Република Македонија.
Присутните претставници од Република Македонија и официјалните лица претставници од институциите од Република Чешка се согласија дека ваквите средби се позитивен пример и се особено значајни за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави на сите полиња.