На 25.09. се одржа состанокот на подсекторската група за семе и семенски материјал на кој се оствари презентација и дискусија на 34те правилници кои се усогласени со последните измени на законот за семе и семенски материјал.
Благодарение на присутноста на засегнатите страни, се оствари дискусија помеѓу претставниците на Министерство за земјоделство, шумарство, водостопанство, претставници на Управата за семе и саден материјал, претставници од бизнис секторот, академски претставници и претставници од стопанските комори во Македонија.
Како следен чекор од оваа фаза, правилниците и официјално беа доставени до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на разгледување и анализа, при што истите сеуште се отворени за дискусија и ќе се организираат дополнителни средби со кои овие правилници ќе се финализираат.
Оваа активност се реализира во рамки на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива кој се спроведува од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.
Дополнително, за потребите на оваа активност на Проектот, во изминатиот квартал беше потпишан меморандум за соработка од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и ИМЕ Програмата – Програма за зголемување на пазарната вработливост. Истиот е со цел да се подобри состојбата во земјоделството, да се постигне долгорочен одржлив развој и за да се поттикне конкурентноста на македонското земјоделско производство како на домашниот така и на странските пазари.