Маркет студија за зелено финансирање во агро бизнис секторот

Project Description

Епи Центар Интернационал во соработка со консултантски компании од Холандија и Германија учествуваше во подготовка на Маркет студија за зелено финансирање во земјоделството, во Република Северна Македонија.

Студијата претставува основа за потенцијалите на македонското земјоделство кои може да бидат реализирани преку т.н. зелено финансирање, во соработка со банкарскиот сектор. За изработка на студијата беа организирани голем број на интервјуа со земјоделци и преработувачи на храна од повеќе под сектори како овоштарство, градинарство, винска култура, животинско потекло, а беа спроведени и посети на терен.

Студијата вклучува и преглед на правната регулатива за земјоделство и рурален развој, политики за финансирање, мерки на поддршка, како и компаративен преглед на законодавство од други држави во Европа.

По подготовка на студијата, беа организирани и тренинг сесии за фармери, во соработка со академската заедница, а дополнително се спроведоа и активности за промоција на финансирање во земјоделството насочено кон одржлив развој.  

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • European Fund for Southeast Europe (EFSE)
  • 31-07-2024
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.