Опис на проектот
Епи Центар Интернационал, во соработка со Gamper Smith Associates, учествуваше во надворешната срединска евалуација на втората фаза на проектот "Зголемување на пазарната вработливост – IME", кој се спроведуваше во периодот од 2019 до 2023 година. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка - SDC и во Северна Македонија се спроведува од страна на Palladium.
Програмата за Зголемување на пазарната вработливост (IME) е насочена кон зајакнување на бизнис секторот во Република Северна Македонија; преку создавање овозможувачка средина за идентификувани сектори на висок раст како: Одржлив агробизнис, Авантуристички туризам и Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). Вкупното времетраење на проектот за Зголемување на пазарната вработливост во Северна Македонија изнесува 11 години, со вкупен буџет од 15.5 милиони ШФ финансиран од SDC. Првата фаза на IME започна во април 2014 година со едногодишна фаза на воведување и заврши во јули 2019 година, додека втората фаза започна во 2023 година со спроведување на специфични активности.
За спроведување на евалуацијата на проектот, експертскиот пристап беше насочен кон тоа да се утврди кои се позитивни резултати и предизвици, да се обезбеди одговорност до заинтересираните страни и финансиерите, како и да се дадат упатства за спроведување на потенцијална трета фаза.
За успешна имплементација на евалуацијата, ги спроведовме следните активности:
Сите дополнителни информации за програмата IME можат да се видат на следниот линк: https://ime.org.mk/mk/doma/.