АгБиз го ангажира ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал да направи анализа на вредносен синџир на диво собрани продукти (ДСП) во Македонија . Ова е од причина што скоро сите собрани продукти се извезуваат и имаат значителни ефекти врз националната економија и надворешната трговија. Детални информации за количините на различни собрани и процесирани продукти како и видот на пазарите на кои тие се продаваат не беа достапни поради структурата на вредносниот синџир и неговите трговски практики. За да се подобри положбата на интервенциите за зголемување на вредносниот синџир, АгБиз побара од ЕПИ ЦЕНТАР да направи профил на вредносниот синџир на диво собрани продукти кој би дал релевантни информации за неговата структура и продажни перформанси.
Десктоп истражувањето и прегледот резултираа со компилација и анализа на квантитативните и квалитативните податоци во еден опсежен извештај кој вклучуваше: