На 14-ти Февруари во Стопанската комора на Македонија, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Министерството за Финансии на Република Македонија и Бирото за Јавни набавки на РМ ќе го организира информативниот настан “Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки”.
На информативниот настан, Министерот за Финансии, Драган Тевдовски ќе ги претстави реформите во јавните набавки, а предавачи ќе бидат истакнати експерти во наведената област кои ќе го презентираат нацрт текстот на новиот Законот за јавни набавки. Во дискусијата ќе бидат вклучени и Мариан Лемке, претставник од СИГМА кој ќе ги презентира европските директиви во областа на јавните набавки и Директорот на Бирото за Јавни набавки на Република Македонија, Ѓорѓи Георгиевски кој одблиску ќе ги слушне предлозите на бизнис заедницата во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки. Предлозите од бизнис заедницата по завршувањето на информативниот настан ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.