Ве покануваме на информативниот настан од областа на Работните односи кој ќе се одржи во Битола кој опфаќа две теми:
- Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи
- Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.
Целта на овој информативен настан е да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.
Настанот ќе се одржи утре, на 6 февруари 2018 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Епинал“ - Битола.
Информативниот настан ќе биде организиран од страна Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија, Macedonian Chambers of Commerce - Сојуз на стопански комори на Македонија, MASIT ICT Chamber of Commerce и Oda Ekonomike e Maqedonisë Veri - Perëndimore и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 05ти февруари 2018 година (понеделник) на следниот линк или на тел: 075 280 507 – лице за контакт Елена Столеска
За подетални информации на следниот линк