Со особено задоволство Ве покануваме на првиот информативен настан од предвидените 20 во текот на оваа година.
Информативниот настан е од областа на Работните односи и опфаќа две теми:
„Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и
Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.
Целта на овој информативен настан е да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.
Настанот ќе се одржи утре, на 25 јануари 2018 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Континентал“ - Скопје.
Информативниот настан ќе биде организиран од страна Macedonian Chambers of Commerce - Сојуз на стопански комори на Македонија, Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија, MASIT ICT Chamber of Commerce и Oda Ekonomike e Maqedonisë Veri - Perëndimore и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Ве молиме, Вашето присуство потврдете го на
е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
тел: 075 254 087 – лице за контакт Љупка Димоска или на
https://www.facebook.com/events/530197714028651/