Ве известуваме дека во рамките на втората година од Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива започнуваат 20-те информативни настани кои опфаќаат различни области и ќе бидат организирани во повеќе градови во земјата.
Стопанските комори:
Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија,
Oda Ekonomike e Maqedonisë Veri - Perëndimore,
MASIT ICT Chamber of Commerce и
Macedonian Chambers of Commerce - Сојуз на стопански комори на Македонија
како партнери на Проектот заедно со ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и со поддршка на USAID Macedonia преку овие инфо сесии ќе овозможат дискусија со бизнис заедницата и потребите за промена во правната регулатива, и институциите како директни слушатели на потребите на заедницата, со цел зголемување на јавно приватниот дијалог во земјата.
Бидете во тек за секој настан и Ве покануваме да се пријавите и да земете учество на истиот.