Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и раководителот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Љубомир Димовски имаа официјални обраќања на Форумот: Инвестиции за долгорочен економски развој. По официјалниот дел на форумот, беа одржани три панел дискусии за проблемите со кои најчесто се соочуваат компании во делот на легислатива, пристап до финансии, како и трендови и иновации во областа на инвестициите.
Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија.