ПОКАНА
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
28 март 2018 година (среда)
Хотел „Венец“- Дебар
11:00-14:00 часот
Почитувани,
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема:„ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ“.
Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Целта на овој информативен настан е да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.
Информативниот настан на тема:„ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ “ ќе се одржи на 28 март 2018 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Венец“ - Дебар.
Предавач на информативниот настан на тема „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ е Јован Најденовски, кој почетоците на своето професионално искуство ги започнува во Општински суд Скопје 1, а од 1989 година се вработува во Јавно Правобранителство на Македонија како стручен соработник. Од 1994 година до денес работи како адвокат во адвокатска канцеларија Најденовски.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 27ми март 2018 година (вторник) на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на тел: 076 314 359 – лице за контакт Мерсим Мемеди
АГЕНДА |
|
10:45 – 11:00 |
Регистрација на учесниците |
11:00 – 11:10 |
Кратка презентација на Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ |
11:10 – 12:40 |
„Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ · Краток генерален осврт на законските прописи од областа на работните односи; |
12:40 – 13:00 |
Пауза за кафе |
13:00 – 14:00 |
„Предлози за подобрување на постоечките решенија” · Прецизирање на услови и процедури за едноставна примена на Законот при работењето на друштвата заради избегнување на правна и материјална несигурност“. · Дискусија и прашања
Предавач: Јован Најденовски |
14:00 |
Коктел |