На 2-ри Март во хотелот "Оаза", во Штип, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Министерството за Финансии на Република Македонија и Бирото за Јавни набавки на РМ го организираше последниот, од низата три информативни настани на тема “Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки”.
На информативниот настан во Штип, г-дин Драган Тевдовски, Министерот за Финансии, ги претстави реформите во јавните набавки, а предавачи и истакнати експерти во наведената област го презентираа нацрт текстот на новиот Законот за јавни набавки. Дополнително беа презентирани и предлозите од претходните два информативни настани усогласени од страна на стопанските комори. Во дискусијата беше вклучена и бизнис заедницата со нови конкретни предлози во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки.
Информативниот настан е организиран од страна на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Министерството за Финансии на Република Македонија и Бирото за Јавни набавки на РМ и е последниот, од низата три информативни настани на оваа тема.