На 22-ри Февруари во хотелот "Мираж", во Струга, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Министерството за Финансии на Република Македонија и Бирото за Јавни набавки на РМ ќе го организира вториот по ред информативниот настан “Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки”.
На информативниот настан, Министерот за Финансии, Драган Тевдовски ќе ги претстави реформите во јавните набавки, а предавачи ќе бидат истакнати експерти во наведената област кои ќе го презентираат нацрт текстот на новиот Законот за јавни набавки. Во дискусијата ќе биде вклучен и Директорот на Бирото за Јавни набавки на Република Македонија, Ѓорѓи Георгиевски кој одблиску ќе ги слушне предлозите на бизнис заедницата во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки. Предлозите од бизнис заедницата по завршувањето на информативниот настан ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.
Во прилог агендата од информативниот настан.
АГЕНДА
|
|
10:45 – 11:00 |
Регистрација на учесниците
|
11:00 – 11:05 |
Воведно обраќање Модератор на настанот: Милаим Амети, Оперативен директор, Стопанска комора на Северозападна Македонија |
11:05 - 11:10
|
Обраќање на д-р Драган Тевдовски, Министер за финансии |
11:10 – 11:15 |
Обраќање на Ѓорѓи Георгиевски, Директор на Бирото за јавни набавки |
11:15 - 11:20 |
Обраќање на г-дин Љубомир Димовски, Директор на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, краток осврт на резултатите од активностите во рамките на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. |
11:20 – 11:30 |
Изјави за медиумите |
11:30 -14:00 |
Д-р Анета Данева Мострова Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на новиот Закон за јавни набавки
Дискусија околу Нацрт Законот за јавни набавки |
14:00 |
Коктел
|